Остави проблема в старата година! Коледна промоция в ОН КЛИНИК - 20% отстъпка

Лечење на псоријаза без хормони

Лечење на псоријаза без хормони

Уникатно лечење на ПСОРИЈАЗА без медикаменти

Докторите едногласно тврдат дека Псоријазата е болест-мистерија. Досега не е позната причината која предизвикува појава на псоријазата. Постојат бројни мислења, но ниту една не успеала да ги обедини специјалистите.

Она што го знаеме за псоријазата е дека тоа е хронично заболување на кожата. Не е заразна и не се пренесува преку ракување или други телесни контакти. Може да се појави кај луѓето од сите возрасти. Kако најчесто погодени се луѓето на возраст од 20-25 години. По телото се појавуваат неестетски црвени дамки, кои почнуваат да формираат снегулки и по некое време се одделуваат од кожата.

На општата состојба на организмот, псоријазата не се одразува сериозно - таа е болест со која можете да продолжите да работите и да живеете, исто како и порано. Тоа сепак не значи дека можете да ја игнорирате. Заболените од псоријаза се соочуваат со сериозна непријатност и неудобност поради видот на лупењето на кожата и постојаното чешање. Во некои случаи постои опасност болеста да влијае на зглобовите (псоријазичен артритис).

Како може да се влијае врз оваа болест?

Целта на секој кој страда од псоријаза е да стигне до состојба на ремисија (затишје на болеста) и потоа да ја задржи максимално долго.
 

Во медицинската мрежа на ОН Клиник има развиено уникатен метод за лекување на псоријаза, кој се базира целосно на природни производи:

  • Екстракти од кал од Мртвото Море.
  • Растителни екстракти со антигабично и антибактериско дејство.
  • Анти-инфламаторни растителни екстракти.


Препаратите не содржат кортикостероиди и имуносупресиви. Тие го чистат болниот дел од лушпите на кожата и благодарение на растителните екстракти и природни масла кои се вклучени во нивниот состав, имаат омекнувачко и антиинфламаторно дејство врз кожата.

Во ОН КЛИНИК работиме успешно со пациенти од Македонија. Доколку се соочувате со псоријазата, не двоумете се да не контактирате – Ви стоиме на располагање на тел. 00 359 885 488 088. Јавете ни се и ќе одговориме на сите Ваши прашања.



Facebook    Видео канал на Он клиник в YouTube
© 2012 - 2017 "Он клиник - България"
Всички права запазени.